Дечињата на возраст од 5 до 6 години кои се згрижуваат во објектите „Централна“, „Билјана“ и „Росица“, деновиве започнаа да следат бесплатни часови по англиски јазик.
Ова се должи на соработката која ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ ја воспостави со охридскиот Образовен центар „ПИ-СИ“. За таа цел во текот на денешниот ден претставници од управата на градинката и претставници на овој центар ќе потпишат Меморандум за соработка.
Според првичните најави вредноста на донацијата од „ПИ-СИ“ изнесува 120.000 денари.
OhridNews