НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица ниво А1 и погоре. Часовите, посочуваат од Библиотеката, ќе се одвиваат со забавни и интерактивни активности водени од мајчин говорител на англискиот јазик и се однесуваат за секој што сака да го вежба говорниот и разбирливиот англиски.

Ќе бидат опфатени поздрави и претставување, разговор за секојдневни активности, прашување и давање насоки, поставување и одговарање прашања, разговор за домот и секојдневни предмети, како и патувања и правење планови за патување, информираат од Библиотеката.

Предавач на часовите ќе биде Дани Хамилтон, американска волонтерка во Мировниот корпус на САД, со Кембриџ CELTA сертификат и искуство во настава по англиски за сите возрасти. Часовите ќе се одржуваат секој четврток во периодот од 17:30 – 18:30 часот.

Заинтересираните треба претходно да се зачленат во Библиотеката. Членството чини 300 денари годишно и со истото се добива можност да се позајмуваат книги преку целата година.

Пријавувањето се врши преку е-адресата: [email protected] најдоцна до 28 февруари.

OhridNews