Во Библиотеката „Григор Прличев” – Охрид од неодамна успешно се реализираат бесплатните часови по англиски јазик за деца и возрасни кои предизвикаа голем интерес.

Часовите за деца (Storybook Studio) се наменети за деца од 6 до 11 годишна возраст почеток на курсот од 16 септември, среда во 12:30-13:30 часот.

Часовите за возрасни се наменети за лица кои сакаат да стекнат основни познавања или да ги обноват стекнатите, часовите почнуваат на 17 септември, четврток од 17:00-18:00 часот.

Програмата е водена од Дени Хамилтон, волонтерка на Мировниот корпус на САД со TESOL сертификат и искуство во работа со ученици во координација со Елена Станкоска- виш библиотекар.

Пријавувањето ќе се врши на тел. 071/ 499-076 со Елена Станкоска.

OhridNews