По повод Светскиот ден на срцето, а под мотото на Светската федерација на срце, “Еден свет, еден дом, едно срце”, во сабота, 22 септември на градскиот плоштад во Охрид, од  09-14часот ќе биде спроведена акција за бесплатни кардиолошки консултативни прегледи.
         
Акцијата ја организира Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид, кој во текот на своето 30 годишно работење се етаблира како врвна институција во регионот и земјата во превенцијата, лекувањето и рехабилитацијата на кардиоваскуларните заболувања.
        
Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните во насока на намалување на ризикот од  кардиоваскуларни заболувања, што е водечка причина за смртност кај населението во Македонија.

OhridNews