Во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“, од минатата недела започнаа обуките за основен курс по англиски јазик, наменет за сите вработените од  училиштето вклучувајќи го и техничкиот персонал.

Целта е наставниците да стекнат знаења од англискиот јазик кои се клучни за изведувањето на квалитетна настава по сите предмети.

Поради учеството во повеќе меѓународни проекти како и за подобрување на квалитетотна наставата беше увидено дека вработените имаат потреба за усовршување и учење на англискиот јазик. Со стекнатото знаење сите наставници ќе можат да прибираат  и користат информации од светски угледни образовни институциии, чии часови и техники се објавуваат на англиски јазик.“ – велат од ОУ „Св. Климент Охридски“.

Обуките се бесплатни, а ги води професорката по англиски јазик, Марина Шокева. Како што информираат од ова охридско основно училиште, интересот кај наставниците за оваа обука е голем.

Инаку, курсот кој започна минатата недела, ќе трае до 15-ти јули оваа година

OhridNews