Во првата недела од месец февруари, официјално започнува проектот на Црвениот крст од Охрид насловен како „Мајки“, во чии рамки експерти и врвни специјалисти од повеќе области ќе вршат бесплатни курсеви и практична настава наменета за идните доилки.

Курсевите кои ќе се одвиваат во просториите на општинскиот Црвен крст, ќе траат пет дена по три часа во кои се вклучени оброк и освежување, а истите опфаќаат едуцирање на идните мајки во однос бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, навремена вакцинација на децата и давање прва помош.

Станува збор за проект во кој идните мајки ќе се едуцираат во однос на тоа како треба да се грижат за својата бременост, подготовка за време на бременоста и за тоа како ќе изгледа породувањето. Исто така, се опфаќаат моментите на правилно доење, исхрана и се она на што треба да се обрне внимание. Официјалниот почеток е првата недела од месец февруари, а сите заинтересирани можат слободно да се пријават во Црвениот крст Охрид или кај нивните матични гинеколози. Секако, на курсевите можат да се пријават и идните баби, дедовци и таковци.“ – вели Даниел Наумовски од Црвениот крст Охрид.

Овој проект кој се реализира во соработка со УСАИД Македонија и „Мировен корпус“ и ќе го водат експерти од повеќе области, дополнителен акцент ќе стави на важноста и навременото примање на вакцините кај бебињата.

Ќе се изработуваат специјални алгоритми, за идните мајки да знаат и пресметаат кога треба да ги вакцинираат своите деца. Истите, ќе бидат едуцирани за тоа колку е важно да се примаат вакцините. Освен јас и Младен, кои сме задолжени во делот за прва помош, тука го имаме најдобриот охридски гинеколог, д-р Мимоза, која ќе стави акцент во делот за гинекологија, подготовка за бременоста и пораѓање. Примариус д-р Катерина која работи во Детското одделение во делот на вакцинација, е задолжена за правилното доење и исхрана. Патронажната сестра Санте, ќе го води практичниот дел со доење и подготовка на правилна исхрана.“ – потенцира Наумовски.

Како што вели Наумовски, за прв пат ќе се обрне посебно внимание е делот на безбедноста кај децата и давањето прва помош.

Посебно ќе обрнеме внимание, како идните мајки да се грижат за своите децата. Во овој дел се опфаќа превенција од болести, регулирање на собната температура во која бебињата треба да спијат, односно како да се повививаат. Исто така, ќе обрнеме внимание на фибрилната колузија или грчевите, кои се јавуваат кај секое дете, а кои предизвикуваат паника кај мајките.“ – вели Наумовски.

Сите оние кои ќе се пријават на овие бесплатни курсеви, ќе добијат прирачници на македонски јазик во однос на доењето и правилната домашна исхрана, како и прирачник за прва помош по најновите светски стандарди.

Прирачниците ќе соддржат материјал за тоа како идните мајки да направат храна со многу витамини во домашни услови. Тука е прирачникот по прва помош по најновите стандарди усвоени од Светската здравствена организација и Светската асоцијација за реанимација. Ние сме единствена организација во Македонија, која има меѓународно лиценцирани тренери за тренери по прва помош, нормално во соработка со Операција Флоријан од Велика Британија, британскиот Црвен крст и кралството Велика Британиија.“ – завршува Наумовски.

O.T.