Во рамки на своите активности во здравствено-превентивната дејност, Црвен Крст Охрид во соработка со очната поликлиника Cornea Medica спроведува активности за превенција на очните заболувања.

Како дел од активностите се и прегледите и советите кои од страна на специјалистички тим на Cornea Medica ќе им се даваат на заинтересираните охриѓани, утре, во просториите на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, со почеток во 18 часот.

OhridNews