Од денес до 31-ви  се одбележува Неделата на борба против ракот на кожата.

Со цел навремено откривање на симптомите на појавата на меланом, најтешката форма на карцином на кожата, се повикуваат граѓаните да извршат здравствени прегледи на кожата.

Од кожното одделение при Општа болница- Охрид ги информираат  граѓаните кои сакаат да извршат преглед, дека заклучно 31- ви мај се вршат бесплатни прегледи.

Македонија со 60 починати луѓе од рак на кожа во само една година – е втора земја во Европа по стапката на смртност од ова малигно заболување. Испитувањата покажале дека високиот процент на смртни случаи од меланом се должи на високото ниво на ултравиолетовото зрачење и зачестеното користење на солариум.

OhridNews