Граѓаните на Охрид во сабота од 10 до 15 часот, во Студио Кинезио ќе можат бесплатно да направат тестови со кои се утврдуваат можни деформитети на мускулно-скелетниот систем кај децата.

-Деформитети на ‘рбетниот столб, градниот кош, нозете, стапалата и мускулатурата се чест проблем на денешните деца на возраст од 7-16 години. Неправилното држење на телото, малата спортска активност, компјутерите, неправилниот од, си го прават своето, затоа е потребно да се контролира здравјето на децата во раст, велат од Студио Кинезио.

Заинтересираните граѓани за повеќе информации можат да се обратат во Студио Кинезио, кое се наоѓа на ул. „Даме Груев“ 57.

OhridNews