Во рамките на проектот „Препораки, укажување на најдобри практики за контрола и решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните“  – поддржан од програмата ЦИВИКА мобилитас, имплементиран од ЦИР-а и финансиски овозможен од СДЦ,
Здружението за заштита на животни Анима Мунди доделува ВАУЧЕРИ ЗА БЕСППЛАТНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА вдомен или локален миленик на секој заинтересиран граѓанин кој ќе го  контактира здружението во текот на оваа седмица.

Иако седиштето на здружението е во Скопје, оттаму информираат дека бесплатните ваучери може да ги добијат и заинтересираните охриѓани кои сакаат да извршат стерилизација на својот домашен миленик.  Контакт телефони на здружението се 077 487 255, 077 487 253 или е-пошта: [email protected]

Ова е еден од начините да промовираме одговорно сопствеништво– компонента без која никогаш нема да се намали популацијата бездомни кучиња на улица (а тоа е стерилизација на кучиња како превенција на неконтролирано размножување), воедно оперативен зафат кој ќе го подобри здравствениот статус на миленикот, превенира сериозни заболувања и продолжи неговиот живот, велат од Анима Мунди.

OhridNews