Владата најави плаќање на полна стипендија за сите ученици кои ќе се запишат на постдипломски студии на најреномираните факултети во светот и бесплатно дополнително средно образование.

Од државниот буџет ќе се покрива стипендијата за студентите, сите трошоци за школарина и престој, но обврска на студентите кои ќе ја добијат стипендијата е по завршувањето на студиите да работат во Македонија во двојно поголем период отколку што им траеле студиите.

Како што информираат од владата, во текот на наредната недела Министерството за образование и наука ќе ја објави точната листа на факултети и школи и потесни критериуми кои треба да се исполнат за да се добијат овие стипендии.
Во однос на обезбедувањето на бесплатно дооформување на образование, оние кои имаат завршено тригодишно стручно образование, а немаат четврта година, тоа ќе можат да го направат бесплатно, наместо како досега да плаќаат 2.500 денари годишно и од 300 до 1.000 денари по испит.

Бесплатно ќе биде и завршувањето на средното образование на оние кои имаат само основно образование.

OhridNews