Бесплатно електронско издание на книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од академик Миќуновиќ  до 10 април. Книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од европскиот академик д-р Миле Д. Миќуновиќ е напишана на 224 страници, со современ дизајн, колор, со 394 фотографии. Во неа е опишано 31 место од каде е фотографирано езерото. Целата обиколка на езерото заедно и со територијата во Албанија е во растојание од 101,6 km со автомобил.

Во книгата во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ се поместени преубави – фотографии, погледи на Охридското Езеро со објаснување на местата од каде што е фотографирано, по редослед, од градот Охрид, кон Пештани, Трпејца па врвот на планината Галичица, патот кон Св. Наум, во Албанија, Тушемиште, Поградец, Мемелиште, Удениште, Пискупат, Лин, Калишта, Радожда, Струга и повторно во Охрид со залезот на сонцето.

Ова е моја 116 книга и прва во електронска изведба и затоа на читателите бесплатно им ја подарувам со можност да си ја преземат во својот мобилен телефон или својот компјутер. Линкот за бесплатно преземање на книгата ќе активен од денеска 1 до 10 април. Поттик за туристите однадвор, но и за нас да направиме тура околу Езерото, вели академик д-р Миќуновиќ.

Книгата може да се преземе преку следниов линк:

https://drive.google.com/file/d/1PvwZShtSx3R25PxuiKnCkyuSJvQDhol3/view

OhridNews