Бесплатно мерење на очен притисок,ќе се организира утре во Општата болница во Охрид, по повод  „Неделата на Глауком“.

Сите заинтересирани граѓани, кои сакаат да извршат вакво мерење ќе можат да дојдат во болничката очна амбуланта, од 08  до 20 часот.

Глаукомот е заболување на очниот нерв, кое се јавува поради покачен очен притисок и слаб доток на крв во окото и предизвикува карактеристични промени во видното поле. Во индустријализираните земји, глаукомот е една од најчестите причини за слепило. Се проценува дека 1% од населението во светот страда од глауком, или барем се изложени на голем ризик за добивање на оваа болест. Повозрасното население е особено подложно на ова заболување.

OhridNews