Државата ќе им обезбеди бесплатно патување со авион во Париз, Венеција или Барселона на студентите кои студираат на првите три рангирани универзитети во Република Македонија, согласно листата што ја прави Шангајскиот универзитет и имаат просек над 9,5,информира премиерот Никола Груевски.
Тој појасни дека мерката за студентите, наградно патување за сите оние кои имаат висок просек ќе се реализира од следната година. Ќе има две тури годишно, едната во мај-јуни, а втората во септември, најдоцна почетокот на октомври.
-За сите студенти што имаат просек над 9,5 на првите три рангирани универзитети, државата ќе обезбеди бесплатно патување со авион и ќе го покрие целото патување, вклучувајќи сместување, храна, авионски превоз и се останато што влегува во еден таков аранжман, рече Груевски.
OhridNews












