Понеделник, 12-ти февруари, во 11:30 во Охрид и во 14:00 во Струга, ќе се одржи бесплатно предавање „Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка“, наменето за сите граѓани од Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца, над 60 години и нивните фамилии.
Предавач ќе биде Адвокат Оливера Доцевска, од Скопје, со 17-годишно работно искуство во обаста на правото и човековите права и слободи, 10-годишно работно искуство како адвокат, специјалност човекови права, кривично право, имотно-правни односи и управна постапка, магистрант меѓународни односи и дипломатија, активист за човекови права и Претседателка на организација за човекови права и слободи Јустиција, поетеса, преведувачка,анализа на политики, колумнистка. Ќе говори за аспектите на заштита на имотот и личноста при располагање со имотот со-тестамент, договор за подарок и договор за доживотна издршка. Местата се ограничени, контакт телефони 077 855 155 (за Охрид) и 077 817 432 (За Струга).
Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга.
OhridNews












