По повод Светскиот ден на срцето, под мотото на Светската федерација на срце, “Еден свет, еден дом, едно срце”, денеска, на градскиот плоштад во Охрид, од  09-14часот ќе се вршат бесплатни кардиолошки консултативни прегледи.
        
Акцијата ја организира Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.
       
Целта на акцијата е да се подигне свеста на граѓаните во насока на намалување на ризикот од  кардиоваскуларни заболувања.

OhridNews