Во рамки на активностите за одбележување на Светскиот ден на срцето, ЈЗУ Завод за превенција лекување и рехабилитација -Охрид, денеска бесплатно ќе врши прегледи за граѓаните на Охрид.
Акцијата ќе се одржи на градскиот плоштад од 9-13 часот под мотото на Светската федерација на срце „Еден свет, еден дом, едно срце“.
Во специјално поставен шатор кој ќе го опслужува екипа на доктори и медицински персонал на Заводот, ќе се вршат бесплатни кардиолошки консултативни прегледи, како и мерење на крвен притисок и ЕКГ.











