Љубителите на традиционалната македонска музика вечерва ќе може да уживаат во прекрасните изведби на култниот етно состав „Синтезис“ кој ќе одржи концерт во ресторанот „Острово“ на изворите во Свети Наум. Неповторливиот амбиент на овој угостителски објект и уникатните етно аранжмани ќе бидат надополнети со квалитетот на винаријата „Далвина“ која ќе ги презентира своите производи, препознатливи на винскиот пазар.

За секоја извршена резервација, гостите добиваат бесплатен превоз со бродот „Александрија 2“, кој од Охрид за Свети Наум тргнува од градското пристаниште во 20 часот, а се враќа во 00.30 часот, информираат од ресторанот „Острово“.

Концертот започнува во 21.30 часот, а сите заинтересирани ќе може да направат резервација во ресторан „Острово“ или на тел. 072/210-903.

OhridNews