По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 јули 2025, во периодот од 21 јули до 10 август, ќе се реализира национална јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином.

Оваа голема кампања се организира под покровителство на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во соработка со Хепар Центар Битола, Универзитетските клиника за  инфективни Болести и Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија и болести, и неформална дипломатска поддршка од меѓународни партнери.

Во рамки на истата предвидени е и мобилна тура во 10 градови низ државата, Куманово, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Штип и Гевгелија.

Во Охрид и Струга бесплатен скрининг ќе биде реализиран на 1-ви август во периодот од 18:00-20:30 часот во Охрид и од 10:00–12:30 часот во Струга.

OhridNews