Бесплатно зимување за 1000 деца од социјалните семејства
22.12.13 12:00
Бесплатен зимски одмор за 1000 деца од семејства со социјален ризик ќе обезбеди Министерството за труд и социјална политика. Според најавите зимувањето кое ќе биде организирано од 4-ти до 19-ти јануари 2014 година, вклучува шест дена активен одмор во Зимско рекреативниот центар на Пелистер со пет полни пансиони. Во рамки на одморот, децата ќе учат да скијаат и голем дел од времето ќе го поминат на организиран начин.
-Деновите ќе им бидат потполно организирани, согласно програмата изработена заедно со Министерството за образование и наука, појасни министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на отворената седница на Владата на Република Македонија.
Тој потенцираше дека средствата и условите за зимувањето се обезбедени, а утре ќе биде распишан јавен повик на кој ќе може да аплицираат сите заинтересирани семејства. Доколку децата имаат одредена попреченост, постои можност да имаат придружба од еден родител.
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Со свечена академија „Од идеја до независност“, што вечерва се одржа на малата сцена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид го започна одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.