СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “бесправно градење” и “узурпација на недвижности”.

Во текот на 2016 и 2017 година, во село Трпејца, охридско, пријавениот, како инвеститор, без да поседуваа соодветна документација, изградил објект, при што узурпирал земјиште во сопственост на Република Македонија, соопшти МВР.