Центар за култура „Григор Прличев“

Од 29.04.2022 - 20:00 до 29.04.2022 - 21:00

За прв пат во големата сала на НУ Центар за култура Глигор Прличев голем настап на Бојан Велевски во Охрид. Бидејќи е прв, а пвиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи “збиен” во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек.

Со задоволство ја прифатив поканата на НУЦК Глигор Прличев да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани, вели, Бојан.

Настанот е закажан за 29.04. (петок), или веќе познат во Охрид како “ден за театар”. Цената на билетите е стандардна – 200ден, а картите може да купат на билетарницата на НУЦК Глигор Прличев.

OhridNews