Фудбалерите на Бетис со сигурен и висок триумф над Леванте (3-0) пред своите гледачи ја заокружија шестата рунда во шпанската Ла лига.
Тимот на Бетис најде лек за Леванте во кој настапува репрезентативец на Македонија, Енис Барди и му го нанесе првиот пораз во сезоната.
Гостите оддолеваа едно полувреме, но потклекнаа на стартот од второто. Во 47-та минута Антонио Санабрија го отвори резултат. Осум минути подоцна домашните фудбалери зголемија на 2-0 преку Фабијан, а конечните 3-0 ги постави Серхио Леон.
Барди одигра вкупно 57 минути и во нив не можеше ништо да стори. Тој беше заменет со Нано. Поразот нема да ја загрози позицијата на Леванте на табелата, додека Бетис ќе напредува три позиции и сега се наоѓа на петтото место на табелата.
OhridNews