Второлигашот Бетис е последниот клуб кој покажал интерес за македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски.

Преодниот рок за фудбалери во Европа завршува вечерва во 24 часот, а Ѓуровски кој беше поврзуван со Ерготелис, Вердер, Минхен 1860 се уште е без ангажман.

Тимот на Ѓуровски, Војводина замина на подготовки во Црна Гора, а офанзивниот играч за врска не беше сврстен меѓу патниците.

Ohridnews