Жители од  стариот дел од градот вчудоневидени од  неодамнешната постапка, на како што тие тврдат, надлежните инспекторски служби.  Пропаднаа нивните надежи дека конечно ќе се реши проблемот кој се провлекувал со години, на пресекот од улиците „Христо Узунов“ и „Климентов Универзитет“.


Имено, како што тврдат тие, поради паркирање на возила, подолг период на ова место било попречувано движењето на жителите, но и бројните туристи кои го посетуваат стариот дел од градот.


Конечно, на 18- ти мај, со поставување на бетонски столпчиња, помислиле проблемот е решен. Но, уште истиот ден, како што велат жителите- најверојатно по нечија интервенција, тие биле отстранети.

OhridNews