Македонските фудбалери ја завршија групната фаза од Лигата на нации со шест порази и гол-разлика 1:15.

Фудбалската репрезентација на Македонија со убедлив пораз го заврши настапот во групата Б1 од Лигата на нации. Словенија вечерва славеше со 3:0 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, потврдувајќи го второто место во групата.

Данијел Штурм погоди во 29. и 91. минута, а Давид Зец во 66. минута. На полувремето гостите имаа предност од 1:0, која во продолжението ја зголемија за конечен убедлив триумф.

За Македонија ова е шести пораз во исто толку натпревари во групата. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски останаа без освоен бод, со само еден постигнат и 15 примени голови. Единствениот погодок во оваа кампања беше постигнат на претходното гостување кај Шкотска, каде македонската селекција загуби со 2:1.

Особено поразителен е домашниот биланс: три порази во Скопје, без постигнат гол. Македонија загуби од Швајцарија со 0:3, од Шкотска со 0:2, а вечерва и од Словенија со 0:3.

Словенија, пак, со победата стигна до 11 бода и го обезбеди второто место, кое носи бараж за пласман во Лигата А. Македонија ќе игра бараж за ппстанок во Б дивизијата.

OhridNews