Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34- годишен жител од село Бојане- скопско, раководител на фирма со седиште во Скопје, подружница Струга, за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“.
Во текот на 2012 година, пријавениот покрај магистралниот пат Струга-Ќафасан, поставил рекламна табла на фирмата на државно земјиште, без да поседува дозвола од надлежен орган.












