Но дека институциите на системот не даваат доволна поддршка на младите кадри, говори фактот што 17-годишниот охриѓанец заедно со уште пет ученици од репрезентацијата, во сопствена режија ќе треба да патуваат на Олимијадата за математика која идната недела ќе се оддржи во Колумбија.
„Имаме доставена барање до многу институции, но за жал одговор е секогаш негативен. Товарот за патувањето во Колумбија каде треба да ја претставуваме македонската репрезентација по математика, паѓа врз наш грб. Организаторот ни обезбедува сместување, а трошок од околу 2000 евра колку што чини билетот го плаќаат нашите родители.“ – вели Никола Грунчевски, ученик во средното училиште „Јахја Кемал“.
За квалитетот на младиот охриѓанец покрај „бронзата“ од Кипар, говорат бројните први места на државните натпревари по математика и стипендијата која што ја зема од неговото училиште за школување.
„Во моето училиште се запишав откако бев прв на приемниот испит, па така училиштето ја покрива 100 отсто од стипендијата. Во основното училиште „Христо Узунов“ бев првенец на генерација, а уште во четврто одделение освоив прво место на натпревар по математика. Со тек на време наградите се нижеа, а константно сум на врвот на национално ниво. Покрај златните одличја на натпреварите по математика и македонската олимпијадата, зад моето портфолио стои и првото место на државниот натпревар по физика.“ – додава Грунчевски, кој е единствениот охриѓанец во репрезентацијата на Македонија по математика.
Иако учениците од останатите балкански земји своите подготовки ги започнуваат организирно многу порано, Никола и останатите репрезентативци без никаква поддршка од Сојузот на математичари се оставени на самите себе.
„Подготовките за натпреварите се во наша режија, а единствено е залагањето од професорите и асистентите од нашето училиште. Неколку недели пред натпревар активно се спремам колку што можам повеќе во денот. Мислам дека математиката е се повеќе атрактивна за младите, бидејќи познавам многу соученици и другари кои обрнуваат доста внимание на оваа наука.“ – вели Грунчевски.
На Олимпијадата во Колумбија, македонските ученици ќе треба да се докажат пред 600-те учесници од 100-те држави кои партиципираат на овој настан.
„Имаме четири теми од областа на математиката, како комбинаторика, геометрија, алгебра и теорија на броеви. По три задачи ќе се решаваат во двата дена од настанот. Тие се прилично тешки бидејќи во нив е соддржан целиот материјал кој е опфатен во математиката. Тоа бара голем напор, труд, волја, работа, посветеност и љубов. Конуренцијата е огромна и за да се земе медал треба многу. Но ќе дадам се од себе, достојно да ја претставам Македонија и Охрид пред светот.“ – вели 17-годишниот Никола.
Инаку, покрај оваа област, младиот охриѓанец тренира кошарка во КК „Колибри“ од Охрид, а плановите за во иднина му се поврзани токму со она што најмногу го привлекува, математика и информатика.