Реализирањето на редовните услуги за клиентите во банките и во штедилниците од 1 мај ќе се врши откако претходно клиентот ќе ја пополни соодветната апликација за идентификација.

Ова се наведува во соопштението на Здружението на банкарство, во кое се информира јавноста дека сите банки и штедилници согласно законската регулатива се обврзани да спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот.Притоа се наведува дека без да се спроведе соодветната идентификација, работењето со сметките нема да може да се одвива непречено.

Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница, стои во соопштението.

Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои две години.

Важечката законска регулатива во предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година.

OhridNews
извор: Makfaks