Без поголеми изненадувања и без ракометари од Ракометниот клуб Охрид е поширокиот список на селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез за Европското првенство во Хрватска кое ќе се одржи од 12 до 28 јануари.
Ракометниот клуб Охрид минатата сезона и оваа бележи добри резултати во Супер лигата и Купот на Македонија, но тие очигледно не се доволни за некој македонски ракометар од екипата да се најде барем на поширокиот список од репрезентацијата.
Шпанецот како во неколку наврати по преземањето на селекторската палка од Лино Червар се одлучи за искусни имиња кои и порано биле дел од македонската репрезентација на големите собири.
Списокот:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Македонија на континенталното првенство во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.
OhridNews