Иако најавуваа без изненадувања двајцата тренери ги избраа стартерите за финалната пресметка во Киев.  Висенте Дел Боске не остапи од својата теорија и уште еднаш ја повтори формацијата без напаѓач, со “лажна 9-ка“. 

Шпанија : Касиљас, Арбелоа – Пике – Рамос – Жорди Алба, Чави – Чаби Алонсо- Бускетс, Иниеста – Фабрегас – Силва.

Чезаре Прандели направи само една измена од тимот кој ја совлада Германија во полуфиналето. На местото на Барзалети се враќа “рековалесцентот“ Абате.

Италија : Буфон, Абате – Бонучи – Барзаљи – Кјелини, Маркисио – Пирло – Де Роси – Монтоливо, Касано – Балотели.

Мечот ќе го води португалскиот арбитар Педро Проенса.