Во Охрид денеска започна Годишна средба на директорите за заштита на природата во Југоисточна Европа. Конференцијата, прва од ваков тип, е организирана од Меѓународната унија за заштита на природат за Југоисточна Европа – UICN и Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија, со финансиска поддршка од Фондацијата MAVA.
-Конференцијата ќе финишира со изготвување на регионална стратегија за заштита на природата во соработка со UICN, која потоа ќе биде имплементирана.-изјави министерот за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија Нурхан Изаири.
Директорот на програмската канцеларија на UICN, Борис Ерг, рече дека идејата е претставниците на институциите од областа на заштитата на природата редовно да се состануваат и да ги разменуваат искуствата од Словенија до Албанија и да се разговара отворено за проблемите кои постојат.
-Крајна цел е зајакнување на институциите за заштита на природата во регионот и дефинирање на заедничките приоритетите кои подоцна ќе се реализираат низ проекти и билатерална соработка.-рече Ерг.
Борис Ерг
Според Д-р Дариј Краичич, директор на Заводот за заштита на природата на Словенија, клучно за заштита на природата е да се подигнат човечките и институционалните капацитети за да може да се заштити, но и да се валоризира природното богатство на Македонија. Тој го посочи примерот на Словенија, земја која е меѓу најуспешните во оваа област во Европа.
-Мислам дека во Словенија завршивме многу добра работа со тоа што ги заштитивме најубавите природни предели од урбанизација, а тоа го постигнавме со добри и силни институции.-посочи Д-р Краичич.
Д-р Дариј Краичич
Годишна средба на директорите за заштита на природата во Југоисточна Европа, завршува утре.
Г.М.