Без ниту една интервенција во вода од страна на спасителите и нуркачките тимови, помина големиот верски празник Богојавление-Водици.  

Како што потенцира претседателот на ОО Црвен крст Охрид, Сашо Точко, на копно се регистрирани само осум интервенци поради исекотини и блага појава на хипотермија, додека еден случај е упатен во интерното одделение на Општата болница Охрид.

Можам да кажам дека за разлика од години наназад, денес беше најлесно да се грижиме за безбедноста во вода. Немавме ниту една интеревенција, а превентивните мерки кои ги дадовме си го направија своето. Луѓето ги почитуваа оние ризични точки во езерото, а водата е значително потопла од минатите години.“ – изјави Точко.

На платото меѓу ресторанот „Чун“ и капетанијата, трансфузиолошките тимови од Охрид и Скопје во соработка со Црвениот крст, ја спроведоа традиционалната крводарителска акција.

Задоволни сме од крводарителската акција. За два часа собрани се прекеу 50 единици крв, а очекуваме до крајот на акцијата во 15 часот, да собереме преку 100 единици крв.“ – додаде Точко.

Инаку, екипите на Црвениот крст Охрид ќе бидат присутни и на утрешната манифестација за Денот на рибарите.

O.T.