Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  лице од струшкото село Бороец, за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“.

Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници и инспектори од Управата за јавни приходи, во село Лабуништа, при контрола во објект без фирма,  бил затекнат пријавениот,  како  приредува игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца.

OhridNews