Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправна градба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Скопје и против правно лице ДООЕЛ со седиште во Струга на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
– Пријавената, во текот на минатата година, во својство на управител на правниот субјект и инвеститор, на локација во струшката населба „Езерски Лозја“ започнала со изградба на објект за домување. Тоа го направила иако претходно немала обезбедено одобрение за градење од надлежен орган и спротивно на законот за градба, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од извршен инспекциски надзор од страна на градежен инспектор при општина Струга, констатирано е дека објектот се гради без одобрение и неовластено, по што составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата.
OhridNews












