Последниот ден од зимскиот преоден рок во фудбалскиот свет помина без поголеми потреси. Поголем дел од екипите се засилија претходно и не оставија ништо на случајност до последниот ден.


Единствени трансфери за одбележување се на Бугаринот, Димитар Бербатов кој од Фулам замина во Монако. Лидерот на Арсенал се засили само со Ким Калстром од тимот на Спартак од Москва откако не најдоа заеднички јазик со Шалке за Јулијан Дрекслер.

Интер се засили со Хернанес додека напаѓачот на Олимпијакос, Митроглу замина во Премиер лигата односно во Фулам.

Иако се најуваа неколку бомбастични трансфери на Диего Коста од Атлетико Мадрид во Челси, на Нани во Милан или Интер сепак тоа не се случи.

Мх.П.