Македонскиот првак Ренова претрпе пораз од Омонија со 2-0 и со севкупни 5-0 е елиминирана од понатамошните натпреварувања во Лигата на Шампиони. Ренова во овај двомеч не успеа да ја начне мрежата на кипраните, а “петардата“ во мрежата на Елези јасно ја покажува сликата каде е македонскиот фудбал во однос на европскиот. Години наназад македонскит екипи се само декор во првата, најмногу втората рунда од квалификациите за настап во европските купови.










