Македонскиот првак Ренова претрпе пораз од Омонија со 2-0 и со севкупни 5-0 е елиминирана од понатамошните натпреварувања во Лигата на Шампиони.

Кипарскиот првак не сакајќи да остави ништо на случајност уште во првиот дел притисна и со погодоците на Ефстатиос и Марколини стави крај на надежите на “гипсарите“ дека може да поминат во третото коло.

Ренова во овај двомеч не успеа да ја начне мрежата на  кипраните, а “петардата“ во мрежата на Елези  јасно ја покажува сликата каде е македонскиот фудбал во однос на европскиот. Години наназад македонскит екипи се само декор во првата, најмногу втората рунда од квалификациите за настап во европските купови.

М.П.