Освен прекрасно украсениот центар, ништо друго не го навестува доаѓањето на Новата година во Охрид. Годинава изостана предновогодишна еуфорија, а нема поголема раздвиженост ниту во чаршијата. Празничната атмосфера  се очекува да кулминира денеска. Поголемиот дел од угостителските објекти во градот ги имаат продадено капацитетите, а исполнетоста на хотелите се движи над 60 проценти. Најголем дел се домашни и гости од соседството, а нивниот број се очекува да се зголеми денеска, кога и официјално завршува последниот работен ден оваа година.


Без премногу еуфорија Охрид ги одбројува последните часови од 2010-та


OhridNews