Во два одделни инциденти кои викндов ги евидентирал Секторот за внатрешни работи во Охрид и Струга, физички се пресметале повозрасни личности.

Вчера во 10,00 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две лица од Охрид на возраст од 66 години. Еден од нив завршил во полиција, а другиот во Општата болница во Охрид. Против нив, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот Стефан Димовски.

Исто така вчера, во 15,30 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „ Вељко Влаховиќ“ во Струга, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад врз 67 годишно лице од село Корошишта. Според полицискиот билтен тој бил нападнат од својот брат. Против напаѓачот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава, информира Димовски.

OhridNews