Од ЕВН Македонија информираат дека денес, 27- ми август, од 10 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата  Белчишта, Лешани, Горно Средорече, Грко Поле, Велмеј, Брежани, Песочан, Ново Село, Ботун, Злести, амбуланта „Хебел“, СЕЦ „Ен-Сол“, Рудник, Набигори, Ино-спектар Велмеј, амбуланта Белчишта, ЕМО Лешани, општина Дебрца, ТВ Антена Дебрца, репетитор Велмеј и One Белчишта.

Оттаму велат дека прекинот е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

OhridNews