Поради долгови, исклучена е струјата во ОУ “Григор Прличев“ во Охрид, едно од најголемите во градот. Училиштето нема ниту парно, поради што утрово наставата се одвива со скратени часови.
Од локалната самоуправа, за OhridNews, ја потврдија информацијата и најавија повеќе информации за случајот во текот на денот.
Поради неплатени долгови, струјата синоќа беше исклучена и во спортската сала „Билјанини извори“.
OhridNews