-По традиција во Охрид за време на Новогодишните и Божиќните празници, се очекува да престојуваат од околу 30.000 туристи кои ќе пристигнат со околу 10.000 моторни возила. Полициските службеници од Охрид се плански организирани за безбедно да ги сместат овие возила на подрачјетоа охридскиот регион. Во одредена мера, состојбата може да ја усложнат само метеролошките услови и врнежите на снег, вели Бранко Речкоски од СВР Охрид.
Тој очекува дека Македонија пат и другите надлежни служби ќе го подигнат нивото на мобилност и ќе ги одржуваат патиштата и улиците, со цел да се обезбедат услови за непречено одвивање на сообраќајот.