На подрачјата на охридските села Косел, Лескоец, Горно и Долно Лакочереј, полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со РСБСП реализираа превентивни активности во рамки на превентивната акција што се одвива под мотото – “Безбедно возење трактори и земјоделски машини“.

Полициски службеници беа на терен каде земјоделците управуваа и работеа со земјоделска механизација и со нив разговараа за важноста од техничката исправност на тракторите и другата механизација вклучена во сообраќајот, како и за задолжителна исправност на светлосните уреди за поголема видливост, посебно во ноќни услови како основен предуслов за нивно безбедно учество во сообраќајот, информираат од СВР Охрид.

На земјоделците-возачи на земјоделската механизација, додаваат во соопштението, им биле посочени и другите законски обврски и едукативни совети за подигање на сообраќајната култура, а на тракторите и земјоделските машини биле поставувани флуоресцентни самолепливи лепенки за поголема видливост.

OhridNews