Во пресрет на екот на туристичката сезона, безбедносната состојба во Охрид е добра и  нема поголеми прекршувања на јавниот ред и мир, едногласни се СВР- Охрид и градоначалникот Александар Петрески, кој претседаваше со денес оддржаниот состанок на локалниот Совет за превенција.

– Општата состојба е добра и стабилна и нема поголеми проблеми. Но, ние како Совет за превенција мора да се погрижиме со разни мерки и предлози превентивно да делуваме .Засега има показатели дека ќе имаме туристичка сеозна подобра од минатата, а со тоа и повеќе гости што уште повеќе не обврзува соодветно да се подготвиме и превентивно да делуваме, рече градоначалникот Петрески.

И од СВР- Охрид се согласуваат дека безбедносната состојба во градот е исклучително поволна и стабилна.Потенцираат дека нема поголеми нарушувања на јавниот ред и мир и дека службите при СВР- Охрид постојано дејствуваат превентивно .

На состанокот на Советот за превенција, освен безбедносната состојба во градот, беше презентиран и проектот „ Безбедни училишта- хармонична средина“ .

Т.К.