Во соработка со униформирани полициски службеници од СВР Охрид, денес, членовите на ЛК Лихнидос ги посетија првачињата во основното училиште „Св. Климент Охридски“ и одржаа кратко предавање на тема: Сигурноста на најмладите учесници во сообракајот.

– Охридските првачиња се секогаш во фокусот на нашите акции, особено нивната безбедност. За таа цел, денес им поделивме флуоресцентни елечиња, со напомена дека треба да ги носат постојано при одење и враќање од училиште, вели адвокатот Драги Николоски, член на ЛК Лихнидос.

Слични посети се најавуваат и во останатите училишта во градот.

– Покрај првачињата ќе бидат опфатени и родителите и наставниот кадар. Најдобро е да делуваме превентивно и да ја градиме сообраќајната култура уште од најмала возраст, изјави Рубинчо Џавероски, Командир на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.

За несебичниот ангажман во успешно спроведување на оваа акција, членовите на клубот Лихнидос изразуваат голема благодарност до директорот на училиштето, Наташа Танеска, Командирот Џавероски и Помошникот Командир, Тони Зеканович.

OhridNews