Безбедноста на гостите и граѓаните оваа туристичка сезона во Охрид е значително зголемена благодарение на интензивните контроли на Езерската полиција и Капетанијата. Ова беше констатирано на работаната средба во охридската капетанија на која присуствуваа министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, градоначалникот на Охрид и претставници на надлежните институции.
-Оваа сезона капетанијата и полицијата извршија 150 заедничлки контроли на Охридското Езеро, при што се евидентирани седум прекршоци, изјави минстерот за транспорт и врски М иле Јанакиески.
Тој посочи дека мерките за зголемување на безбедноста во водниот сообраќај на ОЕ даваат резултати, најавувајќи построга контрола на пловните објекти, кои согласно последните измени во регулативата што ги усвои владата неодамна, ќе се соочат со одземање на пловилото доколку се претоварени со патници, не поседуваат соодветна дозвола или не ја почитуваат одредбата за ограничување на пловидбата.
Кон подобрување на безбедноста според министерката за внатрешни работи Јанкулоска придонес има и концесионерот на Охридското Езеро.
-Подобрувањето на безбедноста на Охридското Езеро е евидентно по преземање на грижата за рибниот фонд од страна на концесионерот. Продолжуваат напорите за координирање на заштитата. Правиме напор за подобрување на координацијата со Република Албанија за да се обезеди целосна заштита на езерото, рече Јанкулоска. Во таа насока, додаде таа, се прават напори да се обележи водната граница со Албанија, со што ќ се зголеми безбедноста и ефикасноста во борбата против криминалот.
Градоначалникот Бакрачески е задоволен од општата безбедност во градот. Тој најави интензивирање на мерките за безбедност со цел поголема заштита на туристите и граѓаните.
-Во иднина ќе се придржуваме кон сите законски регулативи построго со цел да обезбедиме побезбедни услови за нив и туристичката сезона да наликува на центар кој што се стреми да биде значајна туристичка дестинација на Балканот и пошироко.-рече Бакрачески.
Г.М.