Здружение за заштита на животни – Анималиа, во обид за намалување на бројката на бездомни кученца и маченца, како и спречување на нивното страдање на улиците, а со поддршка на OhridNews, од денеска започнува со објава на кученца и маченца кои се спремни за вдомување. Секоја недела ќе одат објави на нашиот портал. Сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити и сите кученца трпат промена на именцето!

Дафне со месеци чека домче да му се посреќи. Маженце. Со мал раст Штом ти се пикне да го погалиш, нема бегање, се припива до тебе и уживка дур претка со опавченцето. Жално за човека говори тоа што никој досега не омекнал срце за да му пружи шанса. А не ќе можеме за долго да причуваме. Да не заврши на улица, вдомете го Дафне.

Графче. Година дена кај што молиме да му најдеме домче, никој ни глас да му чуе! Го најдовме мало, чукнато од кола, стресено до немајкаде. Куцаше месец дена дур се опорави со третмани! Еве го сега лепотан прав! Послушен, а бе душа! Мешанче од црн лабрадор. Ај нек му се насмевне среќата сега и овде! Едно домче најубаво! 

Рокси и нејзината сестричка безимена. Исфрлени како малечки да умрат во агонија. Едвај главче кренаа, башка преплашени. Оној кој ќе вдоми, ќе добие гратис од нас стерилизација. Рокси многу сака вода и си шлапка дури со ноџињата во легенчето во кое вода полниме. Ептен мирни душиња кои ќе ја стекнат вашата доверба за секунда.

Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е: 

Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје

Благодариме!

И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце бездомно!

Повеќе инфо за Анималиа и животинките кои бараат домче на следниот линк.

OhridNews