Жители на населбата Лескајца се жалат на бездомни кучиња кои во неколку наврати агресивно се однесувале кон минувачи. Неколкупати тие имале непријатни блиски средби.
Во таква ситуација се нашла една жителка на улицата „Пере Тошев“.
-За еден момент ме заобиколија кучињата и почнаа да лаат, едно од нив тргна на кај мене, галејќи го го смирив, но само за малку. Нивното лаење беше се поагресивно и поагресивно, едвај го извадив телефонот и успеав да го викнам синот кој дојде одма ги оттргна кучињата да не ме растргнат буквално. – раскажува загрижената охриѓанка.
Кучињата, блиска средба имале и со жена која го носела своето дете во градинката „Росица“ која се наоѓа во оваа населба, но за среќа реагирале минувачи.
Загрижените жители од Лескајца, реагираа до нашата редакција упатувајќи апел до надлежните соодветно да ги згрижат бездомните кучиња пред да се случи несакан настан.
OhridNews