Здружениеto за заштита на животни „Анималиа“ во обид за намалување на бројката на бездомни кученца и маченца, како и спречување на нивно патење на улиците, а со поддршка на „Ohridnews“, продолжува со објава на миленичиња кои се спремни за домче, која ќе оди секоја недела. Имено сите кученца и маченца се прочистени од внатрешни и надворешни паразити. И сите трпат промена на именцето!
Карло. Возраст: 2.5 месеци. Пол: машко.
Пронајдено на улица со тешка дигестивна инфекција. Скоро 2 недели примаше терапии и сега е супер. Навикнато е со повеќе мачиња во домашни услови и со стекнати хигиенски навики. Многу сака да се гали, совршено за некој кој ќе сака маче за многу мазење.
Пембо. Возраст: 3 месеци. Пол: машко.
Многу мило маче спасено од улица. Чувано во домашни услови со стекнати хигиенски навики. Разиграно е, но и по малку повлечено. Чувано е со повеќе мачиња, па нема да има проблем да се вклопи некаде со повеќе мачиња.
Кали. Возраст: околу 5 недели. Пол: женско
Принцеза пронајдена на улица кога немаше ни еден месец. Се грижевме за неа секојневно додека почна сама да си јади, а сега е подготвено за вдомување. Премногу сака да се гали и многу е мила. Научена е да живее во домашни услови и со стекнати хигиенски навики. Ќе ја добиете прочистена од надворешни и внатрешни паразити.
Братче и сестриче.
Спремни за вдомување. Мили, премили. Најдобро е некој да ги вдоми и двете заедно, за да не ги делиме бидејќи не се одделуваат едно од друго. Ќе ги биде долговлакнести налик ангорки. Зар можете да им одолеете?
Доколку сте заинтересирани за вдомување, пишете ни пораче на: „https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid“ или јавете се на контакт телефон: 070 227 865 или 072 550 890.
Воедно, замолуваме и за донации, како би излегле на крај со трошоците за исхрана и за ветеринарни услуги. Сметката е:
Денарска сметка: 200002644723228
Депонент: Стопанска Банка АД – Скопје
Благодариме!
И да, најголемата донација е кога некој ќе вдоми некое кученце или маченце бездомно!
OhridNews & Animalija